Лидерската средба неуспешна! Ќе има ли нова?!
Стратегијата на Заев, велат од партијата на Груевски е читлива. Со неразумните барања купува време се до есенскиот извештај од Брисел, но и за да го оттргне вниманието од внатрепартиските проблеми...

Барањето на Заев за формирање техничка влада ја бетонира можноста за нормализирање на политичкиот дијалог. Владата е веќе формирана и таа работи турбо, оттука за нас е неприфатливо да разговараме на оваа тема но сме подготвени за дискусија за другите барања на опозицијата, изјави Груевски по средбата што траеше речиси час и половина. Од Заев уште еднаш повторен ставот дека нема повлекување на пратеничките оставки и дека за следниот потег одлучува Груевски.
„Ако нема подготвеност за разговори од страна на власта за техничка влада, тогаш другите точки, кои и вие знаете се полесни за преговори, тогаш и се безпредметни за отварање“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Атмосверата беше конструктивна речиси до пред самиот крај на средбата и кога очекував веќе од наредната недела ќе можеме да се договориме за работните групи кои би ги прецизирале деталите. Заев веројатно подучен од некого, изјави Груевски, излезе со барањето за техничка влада.
„На некоолку минути пред саиот крај г-динот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам дека прифаќаме формирање на техничка влада, што за мене беше изненадување. Ми личи дека некој го посоветувал на таква работа. Нормално јас тоа не го прифатив“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Да се дојде на власт без избори преку формирање на техничка влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време се најавува како можност од страна на аналитичарите блиски до СДСМ. За тоа кој ќе биде на власт одлучуваат граѓаните и оттука велат за ваквото барање на опозицијата е беспредметно да се разговара.
Стратегијата на Заев, велат од партијата на Груевски е читлива. Со неразумните барања купува време се до есенскиот извештај од Брисел, но и за да го оттргне вниманието од внатрепартиските проблеми. Од друга страна сакајќи да создаде перцепција кај граѓаните дека власта е под силен притисок на меѓународната заедница. Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ сака да си ја зацврсти позицијата во партијата.
Дали ќе има следна средба?! Според Заев одлучува Груевски. Од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најава дека откако ќе бидат направени внатрепартиските анализи ќе биде донесена одлуката.
Виолета Димовска
