Канада
Шумски пожари во Канада, најавена евакуација на жителите на Алберта
15.05.2024 10:54
Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари. Во гаснењето на пламените јазици се вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари...

Поради шумски пожар во северниот дел на канадската провинција Алберта, најавена е евакуација на повеќе од шест илјади луѓе. Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари. Во гаснењето на пламените јазици се вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари.
Во Алберта во моментов се активни 50 шумски пожари, но само два се во близина на населени места.
