МВР

Претрес во Битола, пронајдена дрога

15.05.2024 11:53

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.П.(42) од Битола.

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.П.(42) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.