ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Пад на откупните цени на зеленчукот во струмичко за 20 отсто

15.05.2024 12:48

Откупните цени на зеленчукот во струмичко се за 20 отсто пониски од минатата недела. Раноградинарите бараат помош од Министерството за земјоделство бидејќи производството го предаваат за џабе. Трговците пак тврдат дека македонскиот зеленчук ја губи конкуренцијата на странските пазари …

Откупните цени на зеленчукот во струмичко од ден на ден се пониски. Раноградинарите стравуваат дали ќе бидат покриени производствените трошоци. По пролетната зелка за која речиси нема откуп, слаб е интересот и за доматите, пиперките краставиците чии цени се за 20 отсто пониски од претходната недела.

Струмичкиот зеленчук ја губи конкурентноста на странските пазари. Нашето производство се совпаѓа со производството на останатите земји.

На откупните пунктови во струмичко се помалку раздвиженост. Се помалку купувачи и на пазарот на големо кој е репер за откупните цени во земјава.

 

Ване Трајков