Растат цените, расте и побарувачката на станови во Штип
Не стивнува трендот на голема побарувачка на станови во Штип. Купуваат и домашни и странски државјани, но и иселеници кои вложуваат во недвижнини. Квадратен метар станбен простор достигна 1.200 евра, што е рекордна цена во Штип...

И покрај рекордните цени од 1.200 евра за метар квадратен и понатаму расте побарувачката на станови во Штип, кој како универзитетски град е интересен за инвестирање во недвижности. Станови купуваат и домашни, но и странски државјани, а најмногу се бараат помалите станови
Трендот на зголемена купопродажба на станови резултира и со повеќе средства во општинскиот буџет. Од почетокот на годината од данок на промет на недвижнини наплатени се 36 милиони денари.
Интерес за изградба на станбени комплекси
Од 850 до над 1.200 евра за метар квадратен чинат становите во Штип. Цените ќе се стабилизираат со изградба на повеќе станови.
Голем е интересот на инвеститорите за изградба на станбени комплекси, за три години општината продала осум парцели, наскоро ќе има лицитација за уште три.
Во моментот во Штип се градат десеттина објекти за колективно домување.
Славица Величковска
