Петмина кандидати за членови на Судскиот совет
Судскиот совет ги утврди кандидатските листи за членови на Судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии...

Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. Претходеше жестока расправа меѓу членовите на советот. За дел од нив со кандидатурата на Лимани се крши Уставот на штета на мнозинската заедница Македонци. Велат ако биде избран Лимани за член, ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет, која во Уставот е прецизно определена на 8 плус 3 члена од немнозинските заедници.
Аргументите на останатите членови се- на општата листа може да се кандидира само судија од Врховниот суд, а во огласот не е прецизирана потребната националност на кандидатот. Дополнително, со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација, како и дека на судијата Лимани му се кршат основните човекови права, и може одлуката да ја обжали пред Судот во Стразбур.
Тројца судии се утврдени на кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола: Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.
Марина Стојанова-Тонева
