Обид за атентат на словачкиот премиер Фицо, осомничениот е уапсен
Инцидентот се случил пред локалниот дом на културата, каде што Фицо имал средби со приврзаниците. Напаѓачот неколкупати стрелал кон него додека се поздравувал со нив...

Словачкиот премиер Роберт Фицо застрелан по состанокот на владата во Хандлова. Тој е ранет и итно пренесен во болница. Осомничениот е уапсен, соопшти полицијата. Инцидентот го потврди и заменик-претседател на парламентот, одложувајќи ја седницата на неодредено време.
„Дами и господа, седницата е прекината на неодредено време бидејќи е застрелан премиерот на Република Словачка“, изјави Лубош Блаха, заменик-претседател на парламентот на Словачка.
Инцидентот се случил пред локалниот дом на културата, каде што Фицо имал средби со приврзаниците. Напаѓачот неколкупати стрелал кон него додека се поздравувал со нив. Местото на обидот за атентат е блокирано од полицијата.
За време на парламентарните избори во 2023 година, Фицо водеше кампања за прекин на воената поддршка за Украина на коалицијата од 20-ина држави предводена од Чешка. Фицо има најдолг премиерски стаж во историјата на земјата. Три пати е именуван за претседател на владата на Словачка.
Бојана Крстевски
