Загриженост и осуда по обидот за атентат врз словачкиот премиер Фицо
Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Бил застрелан по состанокот на владата во Хандлова. Ранет е и итно пренесен во болница. Напаѓачот е уапсен. Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен со осуда за бруталниот напад …

Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Бил застрелан неколкупати пред локалниот дом на културата во Хандлова. Напаѓачот е уапсен, а премиерот ранет и итно пренесен во болница. Претседателката на Словачка инцидентот го оцени како напад врз демократијата.
„Сите сме шокирани од страшниот и жесток напад врз премиерот Роберт Фицо. Тоа што се случи е нешто што не можеме да го разбереме. Физички напад врз премиерот е, пред сè, напад врз личност, но и напад врз демократијата“, изјави Зузана Чапутова, претседателска на Словачка.
Местото на инцидентот е блокирано од полицијата. Реакции пристигнаа од членовите на словачкиот парламент, од власта и опозицијата.
„Овој напад беше страшен инцидент. Тоа е напад на принципите на демократијата на Словачката Република. Вакво нешто никогаш не се случил во Словачка“, рече Петер Жига, потпретседател на Парламентот (ХЛАС-СД).
„Не можам да верувам дека во нашето општество постои некој што може да направи нешто слично и да ги премине тие граници. Ова за мене е резултат на конфликтот во општеството“, смета Андреј Данко, потпретседател на Парламентот (СНС).
„Партијата САС го осудува секое насилство и напад врз премиерот. Му посакуваме наскоро да оздрави. Иако ние имаме различно политичко гледиште, нападот врз словачкиот премиер е нападот на државата“, изјави Бранислав Гролинг, лидер на опозициската партија САС.
Веднаш реагираше и Брисел. Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен го осуди бруталниот напад врз Фицо, укажувајќи дека во демократски држави ова не смее да се случи.
За време на парламентарните избори во 2023 година, Фицо водеше кампања за прекин на воената поддршка за Украина на коалицијата од 20-ина држави предводена од Чешка.
Фицо има најдолг премиерски стаж во историјата на земјата. Четири пати именуван за претседател на владата на Словачка.
Бојана Крстевски