Македонија

Љупчо Палевски- Палчо екстрадиран во Македонија

15.05.2024 19:59

Палевски се очекува да слета на скопскиот аеродром, по што директно треба да биде спроведен во Истражниот затвор „Скопје“...

Вечерва се очекува од Турција во Македонија да биде донесен, Љупчо Палевски- Палчо, првообвинет за убиствата на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Палевски се очекува да слета на скопскиот аеродром, по што директно треба да биде спроведен во Истражниот затвор „Скопје“.

Тој беше уапсен на 6-ти декември минатата година, откако првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.

Љупчо Палевски- Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27-ми ноември и Панче Жежовски од Велес на 22-ри ноември минатата година. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес.

Известува Миле Ристески