Екстрадиција

МВР: Палевски пренесен во КПУ Затвор Скопје

15.05.2024 21:22

Заврши процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски за кого беше распишана меѓународна потерница...

Министерството за внатрешни работи потврди дека Љупчо Палевски- Палчо, првоосмничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е екстрадиран и пренесен во КПУ Затвор Скопје.

Од МВР информираа дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување“ и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје, стои во соопштението од МВР.