Македонија

Лога: Благодарност до турските власти за екстрадицијата на Љупчо Палевски

15.05.2024 21:42

Од Министерството за правда велат дека целата постапка се спроведе во релативно краток период, за неполни пет месеци.

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски, соопштуваат од Министерството за правда.

Оттаму велат дека целата постапка се спроведе во релативно краток период, за неполни пет месеци.

„Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте“, стои во соопштението од правда.

Љупочо Палевски-Палчо, првоосомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски вечерва беше екстрадиран од Турција и пренесен во истражниот затвор „Скопје“.