Премиерот Фицо е опериран и стабилен
Потврдија дека кон него биле испукани пет куршуми. Напаѓачот беше уапсен, а неговиот мотив-политички.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е опериран и стабилен, откако беше неколкупати застрелан од 71-годишниот Јурај Цинтула во Хандлова – соопштија властите. Потврдија дека кон него биле испукани пет куршуми. Напаѓачот беше уапсен, а неговиот мотив-политички.
„Првичните информации што ги имаме сугерираат дека имало јасна политичка мотивација и дека одлуката е донесена набргу по претседателските избори“, изјави Матеј Сутај Есток, министер за внатрешни работи на Словачка.
Нападот предизвика низа реакции од светските лидери оценувајќи го како напад врз демократијата. Фицо долго време е фигура која предизвикува поделби во Словачка. Неговата влада ја запре испораката на оружје за Украина, а илјадници луѓе постојано протестираа против неговата прозападна политика.
