Фронтот во Харков и натаму гори
Уништени се неколку куќи, но нема жртви. На фронтот во Харков и натаму гори...

Нови украински напади на руска територија. Москва тврди соборила пет ракети со долг дострел над Крим. Уништени се неколку куќи, но нема жртви. На фронтот во Харков и натаму гори. Претседателот Зеленски ги откажа сите патувања, тврдејќи дека ситуацијата е исклучително тешка, но под контрола, иако дел од украинските сили беа принудени да се повлечат во неколку правци.
„Во Доњецк и Харков ситуацијата е најтешка. Рано е да се носат заклучоци, но засега ситуацијата е под контрола. Војниците го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува, сè е прилично тензично“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во исчекување на пристигнувањето на помошта од САД, Москва со закана дека ќе ја уништат сета американска воена опрема што ќе ја добие Киев.
