Кина

Путин на разговори со Џингпинг

16.05.2024 08:30

Средбата го нагласува блиското партнерство меѓу двајцата сојузници кои се противат на демократскиот поредок предводен од САД...

Рускиот претседател Путин пристигна во дводневна посета во Пекинг на разговори со својот кинески колега Си Џингпинг. Средбата го нагласува блиското партнерство меѓу двајцата сојузници кои се противат на демократскиот поредок предводен од САД. Кина секогаш ќе биде добар сосед на Русија-изјави Си, додека Путин оцени дека соработката меѓу двете земји е фактор на стабилност во светот.

За време на разговорите ќе се отворат прашања поврзани со сеопфатното партнерство и стратешката соработка и ќе се утврдат новите насоки за натамошен развој на соработката меѓу двете земји-соопшти Кремљ.