Франција

Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

16.05.2024 08:39

Франција прогласи 12-дневна вонредна состојба во Нова Каледонија и испрати дополнителни 500 војници да ги обезбедат пристаништата и Меѓународниот аеродром на пацифичкиот остров...

Франција прогласи 12-дневна вонредна состојба во Нова Каледонија и испрати дополнителни 500 војници да ги обезбедат пристаништата и Меѓународниот аеродром на пацифичкиот остров, откако тројца мажи и еден полициски службеник беа убиени во немирите што избувнаа поради изборните реформи на Париз кои предвидуваат промени во избирачкиот список на Нова Каледонија.

Ова ги подгреа веќе постоечките тензии меѓу домородните водачи на Канак кои бараат независност и потомците на француските колонизатори кои сакаат да останат дел од Франција.

„Наш апсолутен приоритет е враќање на редот и смиреноста. Под ингеренции на претседателот презедовме одреден број неопходни мерки, меѓу кои обезбедување на голем број инфраструктури, особено пристаништа и аеродроми, распоредување на сили за внатрешна безбедност и активирањето на вонредната состојба“, изјави Габриал Атал – премиер на Франција.