скопје

Втор ден Самит „Македонија 2025“

16.05.2024 08:43

Во фокусот на годинашниот собир се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка за создавање просперитетни економии...

Во Скопје втор ден се одржува економскиот самит „Македонија 2025“. Во фокусот на годинашниот собир се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка за создавање просперитетни економии. Се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористувањето на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во југоисточна Европа.

Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација, исто така се дел од темите на самитот „Македонија 2025“.