Фудбал – СП Бразил 2014

Костарика без пораз во осминафинале!

24.06.2014 20:46

Костарика го надополни мундијалското изненадување, одигра 0:0 и со третиот светски првак во Групата Д, Англија и без пораз го освои првото место. Штедејќи се за осминафиналето, Костариканците не форсираа, наметнаа бавен ритам, се штедеа и се пазеа од повреди.

Костарика го надополни мундијалското изненадување, одигра 0:0 и со третиот светски првак во Групата Д, Англија и без пораз го освои првото место. Штедејќи се за осминафиналето, Костариканците не форсираа, наметнаа бавен ритам, се штедеа и се пазеа од повреди.

Англија по 11-ти рекорден пат заврши меч без голови на шампионатите, затоа што идејата на селекторот Хоџосн новите девет фудбалери да наметнат агресивност не успеа. Најмладиот тим на „Гордиот Албион“ по првенството во 1958-та година, беше за нијанса поконкретен, но Стариџ не ги искористи двата обида во првото и стопроцентната шанса во второто полувреме.

На преставникот на КОНКАКАФ му беше важно да не биде поразен и веројатно затоа дојде само во една позиција за погодок, кога Боргес од слободен удар, благодарение на и на противничкиот голман Фостер ја погоди пречката.

По 1990-та, Костарика е вторпат во осминафинелто и тоа како најдобра со 7 бода, пред Уругвај со пет кој во директниот дуел за второто место ја совлада Италија со 1:0 со голот на Годин. „Аѕурите“ од 59-та играа без исклучениот Маркизио. Италијанците се трети со три бода, Англија последна со само еден.

Осминафиналниот натпревар Костарика ќе го одигра во Ресифе на 28 јуни, а Уругвај ден подоцна во Рио де Жанеиро. Можни противници им се Колумбија, Брег Слонова Коска, Јапонија и Грција коишто по овој распоред ќе влезат во меѓусебните дуели од последното коло во Групата Ц:

Од 21 часот и 50 минути, преносот од дуелот Грција – БСК ќе биде на МРТ1, а од мечот Јапонија – Костарика на МРТ - собранискиот сервис.