Регион

Џафери во Котор на самитот „Еден регион, заедничка визија“

16.05.2024 08:48

„Еден регион, заедничка визија“ е мотото на Регионалниот самит на лидери што се одржува во Котор, Црна Гора...

„Еден регион, заедничка визија“ е мотото на Регионалниот самит на лидери што се одржува во Котор, Црна Гора. На самитот присуствува и техничкиот министер Џафери кој ќе има обраќање на панелот состојбата на терен и идните планови – нов план за раст.

На панелот обраќање ќе имаат и косовскиот премиер Албин Курти, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, албанскиот премиерот Еди Рама, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, како и еврокомесарот Оливер Вархеи.

На самитот ќе се разговара за планот за раст на Западен Балкан.