Сообраќај

МВР: 67 санкционирани возачи на мотоцикли

16.05.2024 09:50

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 19.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли,..

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 19.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 67 возачи, информираат од МВР.

Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола.

За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци, се наведува во соопштението на МВР.