Фудбал – СП Бразил 2014

Јапонија брка победа за нокаут фазата против сигурната Колумбија

24.06.2014 20:59

Вечерната сесија од последното коло во “Ц“ групата ни ја нуди пресметката меѓу Колумбија и Јапонија, во која ривалите влегуваат со дијаматрално различни амбиции. Додека јужноамериканците се сигурни за следната фаза, благодарение на двете победи и шесте бода против Грција и БСК, фудбалерите од земјата на изгрејсонцето мораат очајнички да се борат за трите бода и истовремено да чекаат на поволен расплет од вториот меч мво групата.

Вечерната сесија од последното коло во “Ц“ групата ни ја нуди пресметката меѓу Колумбија и Јапонија, во која ривалите влегуваат со дијаматрално различни амбиции. Додека јужноамериканците се сигурни за следната фаза, благодарение на двете победи и шесте бода против Грција и БСК, фудбалерите од земјата на изгрејсонцето мораат очајнички да се борат за трите бода и истовремено да чекаат на поволен расплет од вториот меч мво групата. Селекторот на Јапонија Алберто Закерони ќе мора да смета на Шинџи Кагава, кој иако имаше бледа сезона со Манчестер Јунајтед е главна ѕвезда во составот, а веројатно ќе мора да му даде шанса и на плејмејкерот Јасукито Ендо. Колумбијците можат да ги одморат главните адути, пред се капитенот Марио Јепес во одбраната и напаѓачот Карлос Бака поради полесни повреди, веројатно и играчот од срединат Карлос Санчез, кој има еден жолт картон.

Јапонците се надеваат дека по третпат ќе се пласираат во нокаут рундата на последните 4 Мундијали, но предуслов за тоа им е победа над јужноамериканскиот ривал. На “сините самураи“ досега не им помогна поседот на топка, кој против африканските “слонови“ беше близу 56% а во дуелот со Грците над 74%. Ефектот од контролата на топката е минорен, само 6 удари кон голот и еден постигнат погодок на Кеисуке Хонда, по 16 минути во стартниот меч. За разлика од нив, фудбалерите од земјата на кафето ја имаа топката само 50% од времето, но нивната ефективност резултира со 5 гола и две сигурни победи досега. Иако многумина ги отпишаа уште пред шампионатот поради повредите на Фалкао, Перез, Валенсија и Рамирез, тимската игра проработе откако селекторот Пекерман им даде максимална слобода на Родригез и на Гуадрадо во нападот, како и на капитенот Јепес во дефанзива.

Во меѓусебните мечеви Колумбија има минимална победа во 2003 година на Купот на конфедерации и нерешено 2007 во пријателскиот во Јапонија. Самураите на вечерашниот меч ќе се обидат да играат и против традицијата, која вели дека  никогаш порано не победиле против селекција од Конмебол зоната. Покрај пресметките со Колумбија, на СП имаат порази од Аргентина 98 –та, од Бразил 2006 -та и од Парагвај на пенали 2010 година. Но, дури и да ја пробијат таа бариера и да освојат цел плен во мечот во Кујаба, ќе мора истовремено да чекаат и на мечот во Форталеца, каде што од неколкуте варијанти за нив најповолната е Грција да победи минимално против БСК.