Политика
Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“ за новата Влада
16.05.2024 11:10
Денеска во 14 часот, во „белата палата“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен“, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада...

Денеска во 14 часот, во „белата палата“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен“, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада.
Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Изет Меџити претходно изјави дека Владата ќе има околу 80 пратеници.
Уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.
