200 милиони евра за наводнување

25.06.2014 11:21

Повеќе од 200 милиони евра ќе се инвестираaт во системите за наводнување за наредните десет години. Наменети се за изградба на нови и обнова на сегашните дотраени хидромелиоративни објекти...

Повеќе од 200 милиони евра ќе се инвестираат во рехабилитација, реконструкција и изградба на системи за наводнување. Според планот за десет години ќе бидат опфатени 85.000 хектари земјоделски површини.

Проектот ќе почне идната година и во него треба да се вградат сите забелешките на Стратегијата за реформи во овој сектор.

Документот ќе биде донесен најдоцна до септември годинава, а ќе се реализира од 2015 до 2025 година.

Системите за наводнување се еден од најголемите проблеми во земјоделството кои последните неколку години имаат мал напредок.

Со климатските промени и без системи за навиднување може да се случи голем дел од земјоделските површини да останати без доволно приноси.

 

Методија Трајков