Мајски оперски вечери

Операта „Валкира“ од Вагнер на Мајските оперски вечери

16.05.2024 14:06

Од Националната опера и балет најавуваат спектакл в сабота на 52. Мајски оперски вечери. Софиската опера и балет се ексклузивни гости, а оваа соработка е од големо значење за партнерството меѓу двете земји...

Операта „Валкира“ од Рихард Вагнер, со комплетна изведба за првпат во Македонија. Од Националната опера и балет најавуваат спектакл в сабота на 52. Мајски оперски вечери. Софиската опера и балет се ексклузивни гости, а оваа соработка е од големо значење за партнерството меѓу двете земји.

Кога ќе се крене завесата ќе видите една поинаква верзија на операта „Валкира“, вели режисерот академик пламен Кардалов. Јазикот на Рихард Вагнер не е сложен, а неговата музика е музика на иднината.ние во овој спектакл бараме една фантазија, публиката да се сплоти со своите херои. Не бараме политички елемент, но бараме една длабока психологија. Оркестарот за мене е многу важен, а пејачите треба да бидат како драмски актери вели.

Диригентот на операта, Еван-Алексис Крист од САД, рече дека на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти.

Операта трае четири часа.

 

Александра Спировска