Македонија на 55-то место според Индексот на најдобрите земји

25.06.2014 11:35

Идејата зад Индексот е прилично едноставна - тој има за цел да го измери придонесот на секоја земја кон општото добро за човештвото, како и со што го казнува...

Македонија се најде на 55-то место во новиот индекс наречен „Индекс на најдобрите земји“, кој го мери придонесот на 125 држави кон планетата и човештвото.

Идејата зад Индексот е прилично едноставна - тој има за цел да го измери придонесот на секоја земја кон општото добро за човештвото, како и со што го казнува. Базирајки се на 35 одделни индикатори од ОН, Светска банка и други меѓународни институции, Индексот и одредува на секоја земја конкретно место и рамнотежа која покажува дали таа е „нето кредитор“ на човештвото „бреме за планетата“ или нешто помеѓу.

Индексот не ги мери активностите на одделни земји во рамките на нивните граници, бидејќи има доволно истражувања на оваа тема, туку се фокусира на прашањето како земјите можат да постигнат рамнотежа меѓу обврските кон своите граѓани и одговорноста кон светот како целина.

Според рангирањето, најдобрата земја во светот е Ирска, а ја следат Финска и Швајцарија. Групата десет најдобри ја надополнуваат: Холандија, Нов Зеланд, Шведска, Велика Британија, Норвешка, Данска и Белгија.

Македонија има средно добри позиции за придонес во областа на науката и технологијата, рангирана е како 33-та и во културата, позиционирана е како 55-та, додека најмногу заостанува во заштитата на планетата и климата, се наоѓа на 119-то место.

На дното на листата се Ирак, Виетнам и Либија пред нас на листата од регионот се Грција, Бугарија  и Хрватска.