Економија

Недостигот на стручен кадар проблем за странските инвеститори

16.05.2024 14:52

Стручниот кадар најголем проблем во земјава. Германските инвеститори со поплаки за административните бариери-клучни за нефункционирање на системот …

Недостигот од стручен и квалификуван кадар ги демотивира странските компании да инвестираат во земјава, покажуваат најновите податоци за оценка на деловната клима во Македонија, спроведена од германските стопанственици. Според нив, проблемот со обучени работници не е карактеристичен само за земјава, туку и за целиот европски пазар.

„Дури 70% од германските инвеститори во државата сметаат дека недостигот од стручни кадри е еден од најголемите ризици, помеѓу другото води кон тоа да се одразува кон тековното производство, да се одбиваат налози и да се намалуваат планирани тековни инвестиции“, изјави Антје Ванделт директор на АХК за Македонија, Албанија и Косово.

Оценката на деловната клима, велат е подобрена за разлика од лани, но и од годината претходно, но велат сè уште треба да се работи ако сакаме економијата да застане на здрави нозе.

Германските бизнисмени велат дека нудат добри услови за инвестирање, но ги кочат административните бариери, неажурната администрација и корупцијата.

Пазарот на трудот и инвестиции во Македонија периодов биле се побарани и затоа компаниите сакале да ги зголемат инвестиции во земјава. Велат, трошоците за плати во последните години пораснале, ама и покрај тоа, тие не можат да ги задржат работниците на едно место.

 

Борис Грујоски