МВР

Приведен бегалец, осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

16.05.2024 15:49

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово...

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го привеле П.И.(29) од с.Црвулево, општина Карбинци.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Лицето е спроведено до Затвор Куманово за доиздржување на две години и пет месеци од казната.