Со бубрежна слабост живеат 10% од македонските граѓани
Покачен крвен притисок и дијабет, најчести причини за нарушување на функцијата на бубрезите. Според проценките, 10 насто од населението има бубрежна болест…

Имран Емин од Скопје, главната сестра во еден од центрите за дијализа во Скопје со нејзините колешки ги прават последните подготовки пред да ги вклучат пациентите на прочистување на крвта. Тие се грижат за триесетина пациенти во една смена. Меѓу нив се Ваџет, Виолета, Зоран и Гафур.
Висок крвен притисок, инфекции при интервенции кои им ги оштетиле бубрезите се причина за терминалната фаза и мора да одат на дијализа три пати неделно.
Од здружението „Нефрон“ велат дека овој проблем е надминат и дека околу 1.600 пациенти во земјава имаат центар за дијализа во близина на нивното место на живеење, но остануваат уште предизвици.
Бубрежната болест е застапена кај 10 проценти од населението. Дел од нив завршуваат на дијализа, од меѓу нив има и бебиња и пациенти на 90 години.
Наташа Јанчиќ- Менковски
