Европа

Избори за Европски парламент: Фон дер Лајен не исклучува сојуз на десницата со групата на Мелони

16.05.2024 16:46

Во земјите-членки на Европската унија во полн ек е предизборната кампања за изборот на новиот состав на Европскиот парламент. Граѓаните од 27 земји-членки се повикани да гласаат од 6-ти до 9-ти јуни, во зависност во која земја живеат…

Десничарската Европска народна партија (ЕНП) има најмногу европратеници, а потоа социјалдемократите. Тие заедно, од 1979 до 2019 година, го сочинуваа мнозинството во Собранието. Но, тие беа ослабени при последното обновување и затоа мораа да најдат поддршка во други групи, најчесто меѓу либералните центристи на Ренју.

Од 2019 година, радикалната десница (поделена во две групи: национал-конзервативна и крајна десница) се зајакна во многу земји. Врз основа на проекција очигледно подложна на модификација, двете радикални десничарски групи би можеле заедно да добијат речиси ист број на избрани претставници како и групата на ЕНП, додека Ренју – Обнова, Зелените и социјалдемократите ќе ослабат.

Пред претстојните европски избори, сите европски политички партии ги истакна своите „шпицен“ кандидати, кои ќе треба во случај на победа на нивната политичка група да бидат новиот претседател на Европската комисија.

Актуелната претседателка на Европската комисија, носител на партиската листа на ЕНП за европските избори, дебатираше со уште седум други кандидати од главните европски партии.

Зголемен интерес за гласање

Фон дер Лајен создаде чудење во амфитеатарот кој собра илјада студенти, додека Бас Ајкхоут ја испрашуваше за можна мнозинска коалиција на ЕНП со европските конзервативци и реформисти.

„Тоа ќе зависи од изборните резултати и составот на секоја група во Европскиот парламент“, рече таа.

„Вредностите и правата не можат да се распродадат врз основа на политички договори“, возврати Шмит.

Кампањата е пожива отколку во 2014 и 2019 година и анкетите покажуваат зголемен интерес за овие избори. Очигледно се зголемува и намерата за гласање. Европската политика на поддршка за Украина го дели француското мислење и може да придонесе за мобилизација на гласачите, или за поддршка на политиката што се води, ова е случај во претседателскиот камп и дел од левицата, или за критикување, желба за смирување и преговори со Русија што е позиција на левицата и радикалната десница.

Тони Гламчевски