Доделени првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма
Со новата ИПАРД 3 програма предвидува и авансна исплата на 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот...

Доделени се првите 44 договри од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, односно 35 договори за мерката 1 и 9 договори за мерката 7- информираат од Министерството за земјоделство.
„Со овие нови договори добиваме нови инвестиции во земјоделското производство со вкупна вредност од околу 30 милиони евра, пари што ќе остануваат дома. Поддршка со која се набавува нова механизација, ќе се развијат нови мали бизниси во рурални средини, ќе се вработат нови луѓе и сите ќе имаат голем бенефит. И инвеститорите и граѓаните и руралната заедница во која ќе никне нова табла дека инвестицијата е реализирана со поддршка на ЕУ и ИПАРД програмата“, истакна министерот Љупчо Николовски.
Со новата ИПАРД 3 програма предвидува и авансна исплата на 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот, што е една новост која уште повеќе ќе ви помогне во реалзиација на бизнис идеите, истакна министерот Николовски.
