Средба Тошковски - Давкова во Вила Водно
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Вила Водно имаше срдечна средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Вила Водно имаше срдечна средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на која тој најпрво ѝ ја честиташе заслужената победа и воедно ѝ посака да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси, соопштуваат од МВР.
„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.
