Расмусен: Нема вето за НАТО од трета земја

25.06.2014 11:50

Во пресрет на денешниот состанок на Министрите за надворешни на земјите- членки на НАТО, Расмусен потврди дека во Кардиф, една од темите ќе биде и проширувањето, што се покажа успешно во Европа...

„Нема да има вето од трета земја за проширувањето на НАТО на Самитот во Велс“, изјави на утринската конференција за новинарите, Генералниот Секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Во пресрет на денешниот состанок на Министрите за надворешни на земјите- членки на НАТО, Расмусен потврди дека во Кардиф, една од темите ќе биде и проширувањето, што се покажа успешно во Европа.

„Синоќа имаваме конструктивен разговор за нашата политика на отворена врата и за напредокот на четирите земји аспиранти кои сакаат да се придружат кон НАТО. На Самитот во Велс во септември, ќе го одбележиме проширувањето и ќе продолжиме со тоа“, изјави Расмусен во седишето на Алијансата во Брисел.

На Грузија ќе и биде понуден суштински пакет мерки за приближување додека, во 2015-та НАТО ќе оцени дали ќе испорача на Црна Гора покана за полноправно членство.

Покрај проширувањето, Украина и Авганистан ќе бидат во фокусот на Самитот на Алијансата во Кардиф, објасни Расмусен.