Мицкоски: Имаме консолидирано 61 пратеник
Се крои новата македонска влада. По првичниот состанок од викендов, кога се разговараше за општите начела, денеска прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ …

Не се разговарало за кадровски решенија на оваа прва средба на ниво на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. Тоа што е ново е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека успешно консолидирале 61 пратеник, без дополнителни детали од каде ќе се присоединат потребните три, покрај автентичните 58 пратеника на коалицијата „Твоја Македонија“, освоени на изборите на 8-ми мај.
Мицкоски изрази оптимизам дека со своите коалициони партнери „Вреди“ ќе обезбедат двотретинско мнозинство за исполнување на целта реструктурирање на владиниот кабинет.
А, на состанокот на работни групи во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави Азир Алиу од Алијанса на Албанците, во фокус методологијата и динамиката на работа на овие групи.
Потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните, наведено е во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека идниот владин состав ќе ги запази договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграциите, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.
Марина Стојанова-Тонева
