Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

16.05.2024 19:46

Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата и од реклами.

Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.

„Форбс“ забележува дека таква сума е вкупен рекорд за еден фудбалер, а самиот Кристијано Роналдо по четврти пат е на чело на рангирањето.