Избори 2024
Управен суд на јавни седници ќе одлучува за 7-те тужби на „Европскиот фронт“
17.05.2024 08:16
Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно со Изборниот законик, се вели во соопштението од претседателот на Судот, Бурим Сејдини...

На јавни седници, Управниот суд ќе решава по 7-те тужби од „Европскиот фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија. Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно со Изборниот законик, се вели во соопштението од претседателот на Судот, Бурим Сејдини.
На вчерашната јавна седница, постапката по тужбата од коалицијата „Вреди“ беше прекината, откако овластениот претставник ја повлече тужбата во целост за избирачко место во Долна Бањица, гостиварско.
