Путин: Некои политичари посакуваат Европа да не зависи од рускиот гас
И покрај спротивставувањето од ЕУ, Австрија го потпиша договорот со Русија за снабдување со гас...

Русија сака да учествува во решавањето на украинската криза, изјави министерот за наворешни работи на Швајцарија, Дидие Буркхалтер, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. Според Буркхалтер, постојат и страни што не сакаат примирје во украинската криза, но пресудни ќе бидат главните актери, вклучително Русија.
„Разговорот за поддршка на мировниот план во целост беше позитивен, а по примирјето, целта е целосен прекин на судирите. Во петок треба да почне дијалогот, политичкиот процес“, Дидие Буркхалтер, министер за надворешни работи на Швајцарија.
Путин беше во еднодневна посета на Виена каде што оствари средби со претставници на стопанската комора на Австрија. Ги обвини САД дека се обидуваат да ја спречат изградбата на „Јужен поток“.
„Некои политичари од западните земји посакувааат Европа која нема да биде толку зависна од рускиот гас. Прават се што е можно да пропадне договорот. Се работи за обична конкурентска војна“, рече Владимир Путин, претседател на Русија.
За време на посетата во Виена, украинското население организираше протест против Путин.
Проруските сепаратисти во источна Украина се согласија на привремениот прекин на огнот што го прогласи претседателот Петро Порошенко.
Конечната одлука за воведување на оваа мерка беше донесена откако украински воен хеликоптер со 9-член екипаж беше соборен од страна на бунтовниците.
