Украина

Напади врз Хархов, Киев возвраќа во Белгород

17.05.2024 08:42

Во нападот има жртви, меѓу нив и дете-тврди Москва...

Украинските вооружени сили одговорија на жестоките руски напади врз Харков. Нападнати неколку цели со беспилотни летала камикази во близина на рускиот пограничен град Белгород. Во нападот има жртви, меѓу нив и дете-тврди Москва. Руските сили соопштија дека го уништиле командниот центар на Украина во Харков. Зеленски, изјави дека два „патриоти“ за противвоздушна одбрана ќе ги одбијат нападите на руските војници.

„Руските гранатирања и закани продолжуваат. Шефот на управата на Вовчанск беше ранет. Нашите контранапади се во тек“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Претставниците на НАТО тврдат дека Русија нема капацитет да го освои Харков. Во истовреме претседателот Путин ја продолжува посетата на Кина во Харбин.