Рочиште за израелскиот воен упад во Рафах
По четврти пат се бара од судот да нареди итни мерки за наводите дека воените дејствија на Израел против Хамас се граничат со геноцид. За Тел Авив битката во Рафах е клучна за пораз на милитантите...

Во највисокиот суд на ОН почнува рочиштето за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафах во Појасот Газа. По четврти пат се бара од судот да нареди итни мерки за наводите дека воените дејствија на Израел против Хамас се граничат со геноцид. За Тел Авив битката во Рафах е клучна за пораз на милитантите.
„Битката во Рафах е клучна. Не се само последните нивни упоришта, туку и нивните тунели за бегство и снабдување. Ова е битка која решава многу работи во оваа војна“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Израел испраќа дополнителни војници во јужниот град и покрај противењата на Меѓународната заедница и САД за голема офанзива.
