Словачка
По нападот врз Фицо, Туск доби закани по живот
17.05.2024 08:52
Државната служба за заштита најави дека ја зголемува неговата безбедност...

Полскиот премиер Доналд Туск на социјалната платформа „Икс“ објави дека добил закани по животот непосредно по атентатот врз словачкиот премиер Фицо. Државната служба за заштита најави дека ја зголемува неговата безбедност.
Истовремено, новоизбраниот словачки претседател вели дека кратко разговарал со ранетиот премиер и дека неговата состојба и натаму е сериозна.
