Скопје

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вода

17.05.2024 09:04

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без струја ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК – Скопје...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без струја ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.