САД

Силно невреме во Хјустон, најмалку 4 лица загинати

17.05.2024 09:31

Силна бура со урагански ветрови вчера го зафати Хјустон, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000 домови без струја...

Силна бура со урагански ветрови вчера го зафати Хјустон, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000 домови без струја, потопувајќи голем дел од градот во темнина, објави градоначалникот.

Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа преполни со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла низ градот беа намалени, рече градоначалникот Џон Витмир во интервју за локалната телевизија.

Градоначалникот потврди најмалку четири смртни случаи поврзани со невремето, главно од соборени дрвја.