МВР

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

17.05.2024 10:31

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(36) од Кавадарци...

Синоќа во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(36) од Кавадарци.

Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.