Франција
Француската полиција уби вооружен маж, кој сакал да запали синагога во Руан
17.05.2024 10:41
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога во градот Руан-објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин...

Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога во градот Руан-објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.
Франција ја има најголемата еврејска заедница по Израел и САД, како и најголемата муслиманска заедница во Европа.
