Охрид

Одбележан Светскиот ден на хипертензијата

17.05.2024 13:33

Физичката активност помага и при хипертензија или покачен крвен притисок, што е еден од главните фактори за сериозни здравствени нарушувања. За подигање на свеста, денеска во Охрид се прават бесплатни прегледи...

Македонија е во црвената зона при светските мерења на можност од мозочен удар, стапката на смртност е на второ место по кардиоваскуларните болести. Докторите апелираат да се води здрав живот уште од помлади години. Физичката активност помага и при хипертензија или покачен крвен притисок, што е еден од главните фактори за сериозни здравствени нарушувања. За подигање на свеста, денеска во Охрид се прават бесплатни прегледи. Известува Соња Рилковска.