Премиера на претставата „Парови“ на авторката Ана Ристоска Трпеноска
Во Драмски театар во Скопје, утре вечер со почеток во 20 часот Скопје ќе се одржи премиерата на претставата „Парови“ по текст на Ана Ристоска-Трпеноска...

Во Драмски театар во Скопје, утре вечер со почеток во 20 часот Скопје ќе се одржи премиерата на претставата „Парови“ по текст на Ана Ристоска-Трпеноска.
Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.
Директорката на Драмскиот театар – Скопје, Викторија Рангелова-Петровска, на прес конференцијата направи осврт на традицијата на Драмски во поддршката на текстови на македонските автори, со што Драмски се издвојува и го држи приматот на национална куќа што дава најискрена поддршка со поставување на претставите на домашните автори.
Дејствието во чиј фокус се пет парови, се пренесува низ фрагментарна драматургија, подредена на отворената форма на претставата.
„Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида“, рече авторката Ана Ристоска-Трпеноска.
Во претставата настапуваат актерите на Драмски театар Скопје, Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.
