Нигерија-Аргентина
Одбраната е засега најсилната линија во играта на Африканците. Тие се единствената екипа без примен гол! Но, ќе и одолеат ли првпат на светските првенства на моќната Аргентина?

Од првите две места на табелата во Ф групата Аргентина и Нигерија влегуваат во завршните 90 минути од групната фаза. „Гаучосите“ со две победи: над Босна и Херцеговина со 2:1 и Иран со 1:0 резултатски се успешни, но сеуште Меси,Ди Марија, Игуаин и останатото „цино-бело“ друштво не го достигнаа сјајот на селекција со највисоки амбиции. Нигерија минува низ трнлив мундијалски пат. На безличните 0:0 против Иран, ја надоврза среќно извојуваната победа над Босна и Херцеговина со 1:0. Одбраната е засега најсилната линија во играта на Африканците. Тие се единствената екипа без примен гол! Но, ќе и одолеат ли првпат на светските првенства на моќната Аргентина?
Искуствата од минатото ни малку не им одат во прилог:: во 94-та Аргентина победи со 2:1, во 2002-та со 1:0 и во 2010 со 1:0. Денеска, мотивите на Јужноамериканците се освојување на првото место во групата и избегнување на забревтаната Франција во 1/8 финалето.Нигерија стравува од висок пораз и од заканата од Иран,кој ќе игра против спакуваната за дома Босна и Херцеговина.Со нерешен резултат на „Естадио Беира Рио“ во Порто Алегре и Аргентина и Нигерија ќе ги остварат своите цели.
