Апликација за говорна синтеза, помош за лицата што не гледаат
Дигитализацијата мора да биде достапна за слепите и слабовидните лица, велат од канцеларијата на ОН. Се што излегува како слика на екранот, телефонот го чита, тоа е говорна синтеза, ни објасни Силвана Стојанова...

Се што излегува како слика на екранот, телефонот го чита, тоа е говорна синтеза, ни објасни Силвана Стојанова. Вели оваа апликацијата им е како прозорец кон светот на оние коишто не гледаат.
„Технологијата колку што е понапред имаме понапредни информации, не би можеле без оваа апликација да бидеме во тек со сите случувања, би биле зависни од друг, не заостануваа за ништо лицата коишто гледаат во тој поглед“, рече Силвана Стојанова.
Дигитализацијата мора да биде достапна за слепите и слабовидните лица, велат од канцеларијата на ОН и затоа помогнале за апликацијата за говорна синтеза.
Силвана се радува на аудиокнигите, кои сега им се достапни. Прави шега на своја сметка, вели, сега и ние можеме повеќе да читаме. Но и посамостојно да се грижат за себе.
Вели, се си има лице и опачина, но нема страв дека дигитализацијата, технологијата ќе ја намали вредноста на луѓето. Таа се радува на сè што е ново, вели новото може да биде само подобро.
Наташа Јанчиќ - Менковски
