Гинеколозите апелираат на редовни прегледи
Не треба да се чека да настане некоја ургентна ситуација за да се отиде на гинеколог. Редовните превентивни прегледи и изборот на матичен се клучни за женското здравје- порачаа гинеколозите на првиот ден од Меѓународниот симпозиум што ќе се одржува три дена по повод неделата посветена на женското здравје...

Многу често се случува ПАП- тестот да е негативен, а жената веќе да има инвазивна форма на рак на грлото на матката. Објаснуваќи ја сериозноста, но и колку често се случува ова, доктор Димитров апелира сите жени да прават ХПВ тест. Во неделата посветена на женското здравје, објаснува дека ова е светски тренд.
Доктор Тофоски објаснува дека изминатиов период постојано работат на терен за едукација на населението.
Во Шуто Оризари има 2.500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, говорат податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Со предизвици се соочуваат и лицата со попреченост.
На тридневниот меѓународен симпозиум ќе се дискутира за ХПВ-вакцината, вакцинацијата во бременост и улогата на дебелината во бременоста.
Ана Јосифоска- Тодорвска
