Азески: Ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“, ако е во интерес на бизнисот
Ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ само ако е во интерес на бизнисот. Стопанската комора денеска одговори по изјавата на Мицкоски околу оваа тема. Азески ја коментира и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и околу задолжувањето од друга земја и вели, парите мора да се трошат продуктивно …

Доколку изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена согласно нашите заложби и во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме изјавата на Мицкоски за „Бехтел и Енка“-вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Тој информираше дека американско-турската компанија се нови членки на Комората. Тие беа тука да се зачленат, и додаде дека во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4.000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат.
„Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци“, нагласи првиот човек на комората, Бранко Азески.
Коалицијата предводена од ДУИ упати и прашање до коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, која во моментов е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка во идната влада, дали го дели истиот став со Христијан Мицкоски во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој рече дека треба или да се раскине или да се репреговара.
Во врска со најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на Комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно.
Марина Стојанова-Тонева
