Македонија

Неопходна е соработката меѓу локалната самоуправа и омбудсманот за заштита на правата на граѓаните

17.05.2024 16:34

За ефикасна заштита на правата на граѓаните, неопходна е соработката меѓу локалната самоуправа и Народниот правобранител. Ова беше констатирано на работилницата на оваа тема одржана во Општина Кавадарци во организација на Канцеларијата на Народниот правобранител, како дел од проектот поддршка на Европската унија и владеење на правото...

Соработката меѓу Народниот правобранител и локалната власт е од суштинско значење за остварувањето на правата на граѓаните, истакна народниот правобранител Насер Зибери во рамки на работилницата на оваа тема одржана во Општина Кавадарци.

Зибери е свесен за како што вели, тешкотиите на општините, а пред сè немањето доволно средства и кадар за справување со проблемите на граѓаните на локално ниво. Тој изрази надеж дека ваквите средби ќе придонесат за утврдување и надминување на слабостите.

Зибери ја поздрави како што рече транспарентноста и отчетноста во Кавадарци, а ги пофали и достигнувањата во областа на детски права и образование. Градоначалникот на општината, пак, Митко Јанчев рече дека се трудат секогаш редовно да одговорат на потребите на граѓаните.

Во рамките на дискусијата на работилницата, учествуваа и претставници од невладиниот сектор.

Марија Котовска