Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје, најави Арсовска
17.05.2024 16:40
Авионската дезинсекција ќе се случи доколку не врне, во спротивно, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе има поволни услови.

Раната наезда на комарци и дождливото време како „Мека“ за нови убоди ги разлутија граѓаните. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пак, со Фејсбук пост смирува оти за утре наутро ќе се прска против овие инсекти.
Авионската дезинсекција ќе се случи доколку не врне, во спротивно, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе има поволни услови.
Градоначалничката во постот не објави кој ќе ја врши активноста и колку ќе чини истата.
